Она што изгледа како сцена од хорор филм или стара бајка е всушност неверојатен природен феномен кој ги пречекал туристите на популарно место во Франција.
Овие глетки во Камарг, јужна Франција, можеби изгледаат драматично но се предизвикани од високи нивоа на сол во водата. Чудната глетка била доловена од фотографот Сем Добсон. Тој рекол дека го открил местото сосем случајно додека се возел наоколу.
„Имав прочитано многу работи за овој регион, но никогаш не сум прочитал било што за овој феномен. Бевме на пат кон плажата кога го видовме ова неверојатно езеро. Гледано од далеку изгледа прекрасно но станува уште поубаво кога ќе стигнете поблиску. Кристалите од сол се насекаде.“
Тој додал: „Секое гранче е прекриено со кристали и со темно црвената вода во позадината изгледа како нешто од друга планета. Чудното е што има езера лево и десно од ова но тие имаат сосема нормална вода.“