Полицијата во хрватскиот град Вараждин му го исполни сонот на Крунослав Голубиќ, чија најголема желба беше да стане полицаец. Имено ова 18-годишно момче со Даунов синдром на неколку часа стана шеф на полициската станица во Нови Мароф, пишува хрватскиот портал Индекс. Крунослав, ученик во Центарот за образование Томислав Шполар од Вараждин, полициската станица ја посети во друштво со неговиот татко Стјепан. Бидејќи неговата животна желба била да стане полицаец, таткото на Крунослав, во една прилика го прашал хрватскиот пејач и радио водител Јурај Галин и градоначалникот на Нови Мароф, Синиша Јенкац, да му помогнат да му ја остварат желбата на синот. Го контактирале портпаролот на полицијата во Вараждин, Марин Колариќ, и началникот на полицијата во Нови Мароф, Роберт Малтар со кои заеднички ја организираа неговата посета на полициската станица во Нови Мароф.
Крунослав изрази желба да стане шеф на полициска станица за кратко време, во што му помогна неговиот градоначалник Малтар. Во преземањето на оваа одговорна функција, Крунислав се снајде одлично.
Првата „негова задача“ беше да направи трансфер на сите на полицајци во станицата, па така „поранешниот” началник го премести на приемниот шалтер. Тој избра и секретарка, асистентка и други соработници, по што ја рзгледа целата полициска станица и ги запозна своите колеги.
На крајот сите беа изненадени од одлуката на Крунислав да биде уапсен градоначалникот Јенкач и „поранешниот” началник на полицијата Малтар, кои само со ветувањето дека во иднина ќе бидат подобри успеаја да се извлечат од новонастаната ситуација.
Сите присутни заклучија дека Крунослав е многу комуникативен, полна со љубов и искреност, од кого многу може да се научи. Тој љубовта кон полицијата ја стекната со гледање разни криминални серии и филмови.