Крпен студентски живот: Македонскиот студент „мезел“ по една помала банана месечно

„За скромните трпези на студентите најдобро говори податокот дека во трите дома годишно се купувале по 4.000 килограми банани, што значи дека студентите можеле да добијат само по една банана во текот на месецот“ – стои во резимето од истражувањето.

По една помала банана месечно му следувала на секој студент од Државниот студентски дом – Скопје во чиј склоп влегуваат домовите „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски Питу“. Ова го покажа анализата на јавните набавки во студентските домови спроведена од Младинскиот Образовен Форум. На студентите им следувале по килограм ипол месо месечно, и по помалку од два литра млеко и јогурт.

„За скромните трпези на студентите најдобро говори податокот дека во трите дома годишно се купувале по 4.000 килограми банани, што значи дека студентите можеле да добијат само по една банана во текот на месецот“ – стои во резимето од истражувањето.

За подготовка на оброците во овие три студентски домови, според анализата се троши по 61 денар дневно.

Во 2018 година, склучените јавни набавки во Државниот студентски дом опаднале за половина, зашто во институцијата немало човек со положен испит за јавни набавки, па се склучувале само неопходните набавки, пишува во анализата.

Слободен печат

- Реклама -