Два метарски крокодил настрада откако врз него падна 120 килограми тешка сметководителка. Тоа не бил само обичен крокодил, туку циркуски актер.
Тој патувал со трупата од Мурманск за Североморск. Дупката на патот станала причина за потрес во комбето, со кој што патувале циркуските актери.
„Сметководителката, која тежи 120 килограми, падна врз Феди кој лежеше врз ќебе на подот. Двајцата беа шокирани”, изјави Василиј Колос, менаџер на компанијата „Интерцирк”.
Инцидентот го прекинал патувањето и групата се вратила во Мурманск, каде 2-метарскиот актер бил прегледан од ветеринар.
„Органите на Феди не се погодени и тој ќе продолжи да учествува во претстави”, соопшти Колос.