Криза во Венецуела: Нема доволно силикони

Паралелно со лошата економска состојба, Венецуела страда и од една малку поинаква криза.

Во земјата со репутација на најголем светски „производител“ на убавици, владее недостаток на силиконски импланти за гради. Упорните Венецуелки се принудени да изберат силиконски алтернативи со несразмерни димензии или со лош квалитет.

Порано, тие користеа импланти увезени од САД и одобрени од американските здравствени власти. По воведувањето на рестриктивни мерки со цел контрола на валутата, ова веќе не е можно. Локалните бизниси не располагаат со валута што ќе осигура увоз на американските силикони.

Венецуела е една од земјите со највисок процент на силиконски градни импланти во светот. Само минатата година, пластичните хирурзи извеле над 85.000 операции за зголемување на гради.

Cut-Implant(1)[1]

- Реклама -