СВР Охрид поднесе кривична пријава против приватна здравствена установа од овој град и против директорот, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
По преземени мери и извршена контрола, било утврдено дека во приватната здравствена установа се вршеле лабораториски испитувања, за што установата немала дозвола од Министерството за здравство.