Крива Паланка повторно e единствениот македонски град – домаќин на Europ’Raid, францускиот караван со над 600 Французи кои патуваат низ 20 земји од Европа, минувајќи 8.000 километри во авантуристичка обиколка со „Пежо 205“.
Во 17:15 часот големиот франкофонски хепенинг со македонски фолклор, ќе се одржи во Двор на ООУ “Св.Јоаким Крчовски”.
Во 21:00 часот концерт ќе имаат BAD ASS ALL, на Летната сцена на Градскиот плоштад .
Во рамките на овој настан, Французите ќе се запознаат со македонската култура и традиција, а во духот на меѓународната солидарност, ќе донираат училишна и спортска опрема во училиштето.