Критична маса #14: Скала не е за тркала

Четиринаесеттата по ред критична маса ќе се вози во среда и е посветена на скалите на кои скопските велосипедисти наидуваат насекаде низ градот.

Тргнувањето на сите што сакаат да дадат поддршка на овој потег за поздравување е во 19 часот од паркингот зад Рамстор.

KM14-poster-11-02 (1)

„Да се симнуваме ли од точак и да го протуркуваме на секоја пречка од ваков вид и онаму каде природно треба да продолжи движењето? Или да возиме по коловоз дури и кога има велосипедски патеки? Или па да вложуваме голем напор при искачување на велосипедската патека, а на симнување да си ги протресеме органите и бандажите? Острите совладувања на висински разлики се еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат велосипедистите во Скопје според анкетата од минатата година, а истовремено и еден од поедноставните за решавање“, порачуваат скопските велосипедисти.

За рутатата, целта и сѐ што ве интересира кликнете ТУКА!

- Реклама -