Судијката на реалното шоу “X faktor” Кристина Ковач, ја искористила приликата преку својот Фејсбук профил да ги расчисти настаните, кои се однесуваат на разни „теории на завери“ во овој натпревар.
По објавувањето на Твитер од страна на својата колешка Емина Јахович дека се води завера против неа, Кристина почуствувала обврска да се изјасни.
Пејачката се изјаснила дека таа во текот на целата емисија, исклучиво го давала своето мислење за натпреварувачите и своите колеги, за кое е и ангажирана.
Таа додаде дека и нејзината колешка Емина Јаховиќ „наивно“ реагирала на икривените натписи на таблоидите, и дека нејзиниот одговор бил лошо формулиран, а Емина целата приказна ја зачинила со порака на Твирет: „Мили мои обожаватели, ве молам да не пишувате лоши зборови за Кристина… без оглед на се, ние сме во заеднички проект. Нејзиниот начин не е и мој“.
„Без оглед на што? На моето професионално мислење за начинот на кој го води Харис Чато? Или на спинот кој моите изјави ги дале таблоидите? И да, колешката е во право. Мојот начин не е нејзин. Мојот начин е директен, искрен, и неоптеретен со желба да им се допаднам на сите.“, напишала Крисина во својата изјава.
Меѓутоа, кога станува збор за обожавателите на самото шоу, тие пак ја завземаат страната на Кристина, велејќи дека единствено таа искрено го коментира натпреварувањето и нема против да ги напаѓа своите колеги за нивните излагања.