Кристина Ковач, член на жирито на актуелното музичко шоу „X-Factor“, вредно работи со војата група натпреварувачи, а за тоа колку е таа посветена на работата напиша и на нејзиниот официјален Фејсбук профил:
„Не знам дали е за фалење или не, но јас сум единствен ментор кој е виден на повеќечасовни и повеќедневни тонски проби, сценски настапи, костими и вокални аранжмани во Шимановиќ… Јас го завршив моето, па сега е на Докторите, 4U и H20 да ги загреат мозоците и вокалните жици, и да оддуваат на првиот ЛАЈВ!!! Ако заслужат, гласајте за нив!:)“, напиша Ковач.
Колку за потсетување, единствениот Македонец во групата на Кристина е Скопјанецот Филип Јаневски – Фифи.
Првата емисија која ќе се емитува во живо ќе се прикаже утре вечер, кога за прв пат некои од финалистите ќе го напуштат натпреварувањето.