Кристина Агилера со трибјут за Витни Хјустон

На Американските музички награди Кристина Агилера ќе настапи со трибјут на пејачката Витни Хјустон, во чест на 25-годишнината од „Телохранител“.

Агилера ќе настапи со микс од нумери од саундтракот на „Телохранител“. Настапот на Кристина на сцената на Американските музички награди ќе го најави актерката Вајола Дејвис.

По овој повод, на својот Инстаграм-профил, Кристина Агилера напишала: „Возбудена сум и почестена да пеам во чест на еден од моите идоли. Да пеам во спомен на единствената Витни Хјустон е вистински благослов. Бев среќна да ја познавам и надвор од сцената.“

Претходно, Кристина требаше да настапи во чест на Витни Хјустон на финалето на „The Voice“ во 2016, во сплет со холограм на починатата пејачка, но сето тоа беше откажано кратко пред емитувањето на епизодата.

- Реклама -