Кристијан Пашоски со нов летен хит и спот

Кристијан Пашоски го промовираше својот најнов видео запис, за неговата најнова песна Фантазија. Се работи за летна песна во хаус електро стил, за која што не се сомневаме дека ќе биде хит ова лето. Музиката и аранжманот се на Мими Марковски, а додека пак текстот е на Елена Трпковска.
“Спотот повторно е во соработка со Dream Cast Production. Снимањето помина одлично, се снимаше еден ден во студиото на продукцијата, во една супер пријатна атмосвера. Се работи за многу ефектен, интересен и различен видео запис, со многу бои карактеристично за овој период од годината, за кој се надевам ќе му се допадне на самата публика.” – изјави Кристијан.
Кристијан периодов покрај тоа што ги освојува топ листите по радио станиците со својот нов летен хит, исто така со својот тим работат и на неговите нови проекти. Во иднина очекувајте многу изненадувања од негова страна. Во продолжение погледнете го видео записот.

[youtube]http://youtu.be/2OgZ7Rkzv9M[/youtube]

- Реклама -