Мајката на Кристен Стјуарт (25) потврди дека нејзината ќерка е во врска со својата лична асистентка, Алиша Каргајл.
Мајката одобрува нејзината ќерка да има девојка.
„Ја запознав новата девојка на Кристен и ми се допаѓа. Зошто да не прифатам? Таа е прекрасна девојка“, изјави Џулс Фејнстајн (55) и го изрази своето мислење дека луѓето треба да имаат слобода да сакаат кого сакаат – пишува „The Sunday Mirror”.
„Го прифатив фактот што мојата ќерка сака и жени и мажи. Сите ние ги бираме своите пријатели, па така треба да бидеме слободни и во изборот на партнер“, заклучува Џулс.