Кристал Харис за сексуалниот живот со Хју Хефнер: Немам коментар

Hugh-and-Crystal-1-2-13-630x491

Новата сопруга на Хју Хефнер, Кристал Харис, која е од него помлада дури 60 години, гостуваше во емисија во која зборуваше за односот со нејзиниот сопруг, по што избегна да одговори на прашањето дали парот има сексуални односи.

Некогашната „Плејбој“ зајачица раскажала во емисијата „HuffPost Live“ дека со својот сопруг често се милуваат, гледаат филмови и играат разни игри, бидејќи тој е во години во кои му е помината желбата да има некаков друг вид на интимност.

„Хеф е веќе постар, и му е помината таа фаза во животот кога имал многу девојки и останати работи, така што сега веќе е во фаза каде што сака само да се милуваме, да гледаме филмови или да играме игри“, кажала Кристал.

Оваа нејзина изјава водителката ја искористила за да ја праша дали тоа значи дека не практикуваат секс со нејзиниот 86-годишен сопруг, по што русокосата старлета одбила да одговори.

Интересно е и тоа дека во вториот дел од интервјуто таа признала дека се омажила со сопственикот на „Плејбој“ најмногу за да би ја осигурала својата иднина и живот.

http://on.aol.com/video/crystal-hefner-on-sex-with-hugh–no-comment-517665648

- Реклама -