Една од членовите на жирито на “X faktor” Кристина Ковач на финалната ноќ своите бујни гради ги нагрна со сако кое веќе поминало добра километража.
Прво го носела Наташа Беквалац, па Лепа Брена, но и Николина Пишек.
Сакото, кое е дело на Верица Ракочевиќ прв пат го носела Наташа Беквалац во 2009 година на една емисија.
Две години потоа го носела Лепа Брена за потребите на официјалното сликање за „Куршум со посвета“.
Последен пат било носено во 2012 година од Николина Пишек. И доколку помисливте дека ова парче облека го сработило своето, сте згрешиле.
Тоа се врати во голем стил на финалето на “X faktor” покривајќи ги бујните гради на Кристина Ковач.
Крајот на развојниот пат на едно сако… Се надеваме.