Крис Браун: Се плашам да не ме изневери Ријана

Крис Браун е загрижен дека неговата девојка Ријана ќе го изневери додека е на турнеја.
Пејачот кој се уште е на условно поради нападот во 2009-тата, признал дека разделувањето од девојката поради нејзината турнеја ќе му биде навистина тешко. Во интервју за радиото Power 105.1, Крис изјавил: „јас сум само обично момче што ќе се надева дека никој нема да и се „пушти“ на девојка му. Но, не смеам да си дозволам да бидам љубоморен, не сакам да и се јавувам константно и да ја прашувам што прави. Единствено што ми преостанува е да и верувам и да се надевам дека нема ништо да се случи.“

article-2304254-190CF4C4000005DC-937_634x498
Сепак, иако Крис изјавил дека ја мрази помислата дека Ријана може да го изневери, сепак признал дека не би му пречело доколку тоа го направи со друга девојка. „Доколку ме изневери со девојка, океј е, само нека не биде друг маж.“

- Реклама -