Криминалот во компјутерските игри

introlineage.jpg Кои се негативците од компјутерските игри? Дали се тие реални? Дали зад нив стојат луѓе кои што се криминалци и во реалниот живот?

Кои се негативците од компјутерските игри? Дали се тие реални? Дали зад нив стојат луѓе кои што се криминалци и во реалниот живот?

game1.jpg

Денешните компјутерски игри се тотално променети за разлика од оние малечки невини компјутерски игри кои што се играа во осумедесеттите години од минатиот век.

Она што претставуваше забава за тогашните деца, кои со нивна помош поминуваа неколку часа неделно над компјутер или некоја од “ретро“ конзолите, сега сето тоа е претворено во една голема индустрија која во прв план го има профитот, а потоа се грижи за забавата и позитивните ефекти од сето тоа.
 

game-assets-5.jpg

 Како најзагрозен вид можеме да ги споменеме online игрите, кои отворија еден сосема нов свет за компјутерските игри и ги направија дел од реалноста на играчите.
Играјќи ги овие игри играчите стануваат дел од двата света – виртуелниот и реалниот. Виртуелниот свет е онај што ја прави забавата, меѓутоа допирот со реалниот свет преку online игрите веќе претставува и допир со криминалот во реалноста. Виртуелниот посед во игрите многу често е претворан и во реален посед на сајбер криминалците крадејќи и препродавајќи лозинки. 

game-assets-2.jpg

Најчесто на мета на криминалците се наоѓаат игрите како World of Warcraft и Lineage. Имајќи го во префвид фактот дека ги играат голем број на луѓе, а голем дел од нив не се толку способни постигнат многу во игрите, па се принудени да купуваат лозинки и на некој начин да играат игри кои што не ја отсликуват нивната способност. 

sk-games-lineage2.jpg

Најчесто криминалот се одвива на следниов начин:
Кога криминалецот ќе на дознае лозинката на играчот, тој се логира со неа, ги продава неговите поседи за виртуелни пари. Потоа тие пари се префрлуваат на друг лик од играта кој што ги продава за реални пари преку некој од сјтовите кои што го овозможуваат тоа како на пример IGE .
 

- Реклама -