Статистиката покажува дека најголем дел од луѓето го местат креветот после спиење. Она што не покажува е дека најголем дел од нив живеат со своите мајки (читај: мораат). Кај останатите, местењето на креветот не е баш омилена активност и не е меѓу приоритетите, особено не веднаш по будењето.
Шпанскиот производител на мебел, OHEA, проба да ги употреби овие факти во своја полза и да ќари дел од вашите пари. Тие го креираа првиот автоматизиран кревет во светот. Опремен е со направа што автоматски ја затегнува и мазни постелнината.
За само 50 секунди, смарт-креветот ги активира своите механички раце, монтирани на ролери, кои го влечат покривачот кон врвот на креветот, а се помогнати од панели кои ги креваат перниците, чии навлаки се растегнуваат со помош на закачени кабли.
Креветот има и вграден безбедносен механизам што го спречува да работи додека некој лежи на него. Прекинувачот има 2 опции, manual и automatic, што ви овозможуваат да изберете дали лично да го активирате со далечинско или самиот да се активира после 3 секунди откако ќе остане празен.
Бидете умни и купете си умен-кревет. За да не „игра сукалото“.