Кренар Лога: Максим Димитриевски може да дозволува или забранува знамиња во неговиот приватен дом

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште помалку Димитриевски; тој може да дозволи или да забрани знамиња во неговиот приватен дом.

Владата е дом на сите граѓани на Северна Македонија, а следствено и на 1/3 од вкупното население, во овој случај Албанците. Секоја заедница може да го користи своето знаме, кои се дел од преамбулата на оваа држава, како турското, бошњачкото, влашкото, ромското, египетското итн.

Државното знаме на Северна Македонија е почитувано од сите и затоа сите треба да ги почитуваат соодветните симболи. Таканаречениот српски етноцентризам се појавува како црн облак над нашата земја, и е лош знак, затоа запрете ги експериментите врз државата која секој ден се повеќе се обидувате да ја поделите и разедините. Засукајте ги ракавите и работете за иднината на оваа земја, доста со постизборна кампања.

Кренар Лога, генерален секретар на Алијанса за Албанците

- Реклама -