Планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја принуди Русија да склучи мир Кремљ денеска го оцени како „фатална грешка“, која ќе има последици за Киев, пренесуваат британските медиуми.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија сака мир, но невозможно е да се реши проблемот со сила.
Зеленски вчера пред Советот за безбедност на ОН рече дека „војната нема да биде завршена само преку преговори“ и дека Русија мора да биде принудена да постигне мир.