Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот

Кремљ  го обвини НАТО дека го „провоцира“ Киев да го продолжи конфликтот во Украина, чии претставници апелираа за дозвола од сојузниците да ја гаѓаат Русија со оружје испорачано од Запад, јавуваат француските медиуми.

Коментарите доаѓаат во мопмент кога шефовите на дипломатиите на НАТО се наоѓаат на дводневен состанок во Прага наспроти зголемените повици до водечките сојузници да ги укинат ограничувањата што го спречуваат Киев да користи западно оружје за да напаѓа цели во Русија.

-Земјите-членки на НАТО, САД и главните градови во Европа во последните денови и недели влегуваат во нова рунда на ескалации на тензиите и тоа го прават намерно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

„Тие ја провоцираат Украина на секој можен начин да ја продолжи оваа бесмислена војна“, изјави портпаролот на Кремљ.

Украина ги притиска своите поддржувачи – главно САД – да и дозволат да го користи оружјето со голем дострел со кое ја снабдуваат за да гаѓа цели во Русија.

САД, Германија и Италија досега одбиваа да му дозволат на Киев да нападне преку границата, стравувајќи дека тоа би можело да ги одвлече поблиску до директен конфликт со Москва.

- Реклама -