Кремљ: Непризнавањето на САД на анектираните територии како руски ја кочи потрагата по компромис

Претседателот Владимир Путин е отворен за разговори за можното решение во Украина, но одбивањето на САД да ги признаат анектираните територии како руски ја кочи потрагата по потенцијален компромис, соопшти денеска Кремљ.

„Претседателот на Руската Федерација секогаш бил, е и останува отворен за преговори за обезбедување на нашите интереси, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите на прашањето за изјавите на американскиот претседател Џо Бајден.

Тој додаде дека „најпосакуваниот начин да ги постигнеме нашите интереси е преку мирни, дипломатски средства“.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина. Бајден, меѓутоа, истакна дека Путин „сè уште не го сторил тоа“.

Прочитајте и:  Украина првпат ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев, во Брјанскиот регион

МИА

- Реклама -