Видео рецепт: Крем пита со кајсии

Ако некогаш отидете во Париз, сигурно ќе ги разгледувате излозите на фантастичните пекари каде се служат торти и слатки пецива кои ги поместуваат границите на креативноста и вкусот на сосема ново ниво. Еве едно класично пециво од француските пекари во кое можете да уживате претпладне со шолја кафе.

Овие пецива се толку добри што можеби ќе направите неколку за пријателите, но ќе ги изедете пред тие да дојдат. Самиот крем е многу вкусен и можете да го комбинирате со исечкана банана како пудинг. А зошто да не ги замените кајсиите со некое друго сезонско овошје како што се сливите или црешите? Оставаме на вас 🙂

{youtube}mw7e0zmy_Mg{/youtube}

- Реклама -