Крем чорба од тиквица

Денеска ви предлагаме лесно предјадење подготвено од тиквички. Наместо да купувате готова крем супа, подгответе си ја сами. Освен што е поздраво домашното е и повкусно.

12306_shutterstock_62359030_hfСостојки: 450 г. тиквици, 1 л пилешка супа, 2 јајца, 3 лажици путер, 1 главица кромид, 2 лажици рендан пармезан, 1 лажица сецкан магдонос, 2 лажици сецкан босилок, неколку кришки леб, бибер, сол

Подготовка:Исчистете ги тиквиците и исечете ги на кругови. Кромидот ситно исецкајте го, па испржете го.Потоа додадете ги тиквиците и динстајте десетина минути. Прелијте со супата, почекајте да поврие, па намалете ја температурата и гответе уште 20 минути. Чорбата испасирајте ја или измиксајте ја во блендер и вратете на шпорет повторно да поврие. Сматете јајца со сирење, магдонос и босилок, па постепено додавајте ја оваа смеса во чорбата. Зачинете по вкус.

Може да ја послужите со кубети.

Добар апетит!

- Реклама -