Креирајте алтер-его идентитет од Војна на ѕвездите

Фанови на „Војна на ѕвездите“, сте си замислувале ли некогаш како би било вие да сте на местото на некој од членовите од екипата? Доколку да, очигледно не сте единствените, бидејќи сигурно не залудно една канадска компанија решила да изгради сопствен кориснички „Војна на ѕвездите алтер-его“.

Како што е наведено во видеото подолу,  идентитетите од „Војна на ѕвездите“ функционираат на тој начин што посетителите на „Telus World of Science“ во Канада, поминуваат низ серија прашања преку кои треба да одберат некој од можните одговори за видовите, гените, родителите, културата, воспитувачите, пријателите, настаните, занимањето, личноста и вредностите од нивниот живот.

[youtube]http://youtu.be/FUDJZkd_tPA[/youtube]

Испитаниците можат да одовараат вистинито на прашањата но можат и да се послужат со измислени одговори.

-Интересно е тоа што возрасните секогаш се одлучуваат за реалноста, а децата, тие секогаш одбираат што сакаат, вели Софи Десбиенс од „X3 Productions“ која го дизајнираше производот.

Картичката доаѓа во форма на случајно селектирани настани.

Резултатите се пренесени преку РФИД алка до базата на податоци. Тие се конфигурираат како финален хибриден карактер што се појавува на видео бим во комората „reveal”.

-Луѓето се воодушевуваат кога ќе видат кои се, вели Десбиенс.

- Реклама -