Бразилски архитект дизајнира велосипед кој може да служи како превозно средство во градовите со реки и да помага при избегнување на сообраќајниот метеж.Целта на архитектот Аргуш Карузу Сатурнину е да привлече внимание врз новите форми за транспорт во големите градови.
Велосипедот Bikeboat InVenta на Аргуш Карузу Сатурнину тежи 30 кг. Тој е адаптиран за движење по вода со пропелер и платно.
Водоводната конструкција е од дрво и смола.
„Прототипот ги провоцира луѓето да не бидат робови на автомобилите и да бараат други средства за движење. Градовите се премногу загадени. Треба да создадеме други превозни средства со тоа што ќе ги користиме енергијата и силата на телото “- изјави Аргуш Карузу Сатурнину.
Сатурнину на проектот посветил три години.