Овој стан е еден од оние кои ќе направат да се заљубите на прв поглед. Лоциран е во срцето на Киев, а припаѓа на млада брачна двојка која решението за уредувањето на овој мал простор му го препуштила на архитектот Алекс Буков. После заедничките предлози, идеи и сугестии, станот започнал да се уредува, а резултатот е овој. Топол, практичен и прекрасно уреден семеен стан, кој незабележливо содржи и повеќе работи отколку некои попросторни апартмани. Идеално и комфортно катче во кој секој би посакал да живее.