Креативно 5 годишно дете прави вкусни торти, кои никогаш нема да ги вкуси

Животот секогаш не соочува со различни препреки кои ни изгледаат како ќор-сокак.  Во светот сепак постојат луѓе кои знаат како да се справат со проблемите на невообичаен и креативен начин.Пример за тоа е малиот Тео Карни, за кого ќе ви раскажеме денес.

5-годишниот Тео не вкусил  вистинска храна откако  наполнил 3 години. Причината е ретко стомачно заболување, поради што тој враќа сè што ќе изеде. Тео се храни исклучиво со течности, кои се влеваат во неговото тело со специјална цевка, а на тој начин се избегнува контакт со дигестивниот тракт.

Untitled(3)

Малиот Тео не може да се храни нормално, но сепак сонува да стане најдобриот  готвач и веќе прави неверојатни колачи. Се започнува од желбата на неговите родители да ја компензираат болеста на детето со позитивни емоции и креативни активности.

Untitled2

Откако детето ка поминало  првата  операција, станало јасно дека тој цел живот ќе  носи на својот „грб“  ќеса со единствена храна која може да ја конзумира  – течната. Тогаш неговите родители и лекарите од клиниката во која бил сместен одлучиле да  ја  претворат храната во игра и забава за Тео.

article-2497631-19521F1900000578-132_634x423

„Никогаш не сме се криеле од него, кога се храниме, напротив – секогаш сме го оставале да биде во кујната и сме го ставале на масата со нас” – вели мајката на Тео. Ова му овозможува да не се чувствува изолиран и кога неговите родители   посетуваат различни ресторани.  Тео го прослави својот роденден со торта, која сам ја приготвил. Неговиот омилен готвач е Џејми Оливер, а 5-годишниот Карни  обожава да се врти во кујната, каде подготвува сам или и помага на мајка си.

article-2497631-19521F2B00000578-418_634x423

- Реклама -