Креативни и необични врати

вратиПокрај својата основна функција, отворање и затворање, вратите можат да имаат и секундарна функција. Тоа се случува кога во нив ќе се вложи доволно креативност за тие да станат своевидни уметнички дела…

Покрај својата основна функција, отворање и затворање, вратите можат да имаат и секундарна функција. Тоа се случува кога во нив ќе се вложи доволно креативност за тие да станат своевидни уметнички дела…

Пинг-понг врата
a97247_g169_1-ping-pong-door

Оваа врата е дизајнирана од Тобиас Франзел, а е наменета за сите „големи деца“. Врата се превртува, станувајќи пинг понг маса – подготвена за играње. Откако ќе завршите со играње, вратете ја назад и повторно ќе имате потполно функционална врата.

Врата завеса
a97247_g169_5-

Оваа врата е дизајнирана од компанијата “Matharoo Associates” и претставува вистинско чудо. Таа има дрвени панели, а дизајнирана е да се отвори на ист начин како и ладалата кои се превиткуваат.

Искршена врата
a97247_g169_6-shattered-door

Дизајнирана е од Леандро Ерих од Аргентина. Врата, која иако е искршена, навистина добро изгледа.

Вртечката еколошка врата
a97247_g169_4-revolutionary

Врата си е врата, нели? Е па, не – фирмата “Fluxxlab” од Њујорк работи на Вртечката врата, која доаѓа со турбина напојувана од луѓето кои поминуваат низ неа, без разлика дали влегуваат или излегуваат. Идејата е добиена од турбините кои се напојуваат со помош на вода, со што се добива електрична енергија. Прашањето е само: колку ли електрична енергија само ќе се заштеди кога секаде би имало вакви врати?

Светло + Воздух врата
a97247_g169_12-air-door

Светло + Воздух вратата е едноставна врата со изнедадувачки функционална особина. Дупките кои се на самата врата можат да се отворат и затворат со лизгање на рачката, кои ја одредуваат количината на светло, воздух и звук помеѓу две простории. Во средината на шупливата врата се наоѓа лизгачка плоча која се движи од лево до десно. Надворешноста на вратата може да биде дрво, метал и фабрички материјали. Отворената врата ги поканува луѓето меѓу два простора. Затворената врата е знак за приватност. Luna вратите е состојбата помеѓу тие две работи.

Скриена врата
a97247_g169_10-hidden-door

Оваа скриена врата е дело на компанијата “Creative Home Engineering”. За оваа врата, тие велат: „Крадецот не може да пробие врата која не ја гледа“. Оваа фирма нуди голем избор на скриени врати, традиционални и нетрадиционални. Па дури и да немате ништо за криење – овие врати се нешто со што можете да се пофалите пред пријателите.

Врата табла
a97247_g169_7-chalk

Колку пати ви фалеле ливчиња за пораки и забелешки? Сега веќе не ви требаат ливчиња – можете да пишувате директно на вратата. Супер начин да запишете мисла која не сакате да ви „избега“.

Врата со куки
a97247_g169_8-hook
Во оваа врата, куките се скриени во неа додека е затворена. Само кога ќе се отвори, куките стануваат видливи.

Внатре/Надвор врата
a97247_g169_9-in-out

„Туркај“ и „Влечи“ знаците веќе можеби нема да бидат потребни. Оваа Внатре/Надвор врата го решава проблемот за тоа дали треба да влечете или треба да туркате – со супер ефикасна квака. На „туркај“ страната има рамна плоча, а на „влечи“ страната има рачка. Инстиктивно ќе знаете која страна на вратата како се отвора, без многу размислување.

Алиса во земјата на чудата
a97247_g169_2-alice-door

3 во 1 дизајнот е направен за деца, возрасни и миленичиња – за сите одеднаш. Оваа врата им овозможува на сите да се чуствуваат како дома, од најмалите до најголемите гости.

ETAF Автоматска врата
a97247_g169_11-automatic

Не е важно колку сте високи, оваа автоматска врата секогаш ќе одговара на вашата височина. Оваа врата иако изгледа како врата од некој вселенски брод, сепак таа користи технологија од 21 век. На неа има 35 реда од вертикални метални шипки, кои се разделени на средината. Кога ќе се доближите до вратата, инфрацрвените сензори од страната ќе ја измерат вашата височина и ширина. Шипките се лизгаат и оставаат простор точно колку за да поминете. Со ова врата, секој ќе има посебен влез.

Шанк врата
a97247_g169_3-dutch-door

Ова можеби е една од најдобрите врати некогаш направени. Шанк вратата, или Данската врата, е токму тоа – шанк. Дури и во долната половина има вградено шкафче. Можете да си ставите стакло, па да имате шанк со прозорец. Исто така, супер е за сите временски услови: остворете го само горниот дел и ќе влегува свеж воздух…
- Реклама -