Креативна дружба: Занимливи дизајни за родители и деца

По правило, децата обожаваат да создаваат нешто со свои раце.  На крајот, ако резултатот е убав и корисен, задоволството е двојно поголемо.

Дружете се со вашето дете, поминувајте заедничко време сè почесто, зашто нема да забележите кога одеднаш ќе порасне и повеќе ќе сака да поминува време со пријателите отколку со вас. Затоа, создавајте нешта кои долго ќе ги паметите. Ви нудиме едноставни предлози за креативни создавања. Да погледнеме…

Шарена престилка

Сè што ви треба: еднобојна престилка. И тогаш ќе можете да ја ослободите имагинацијата и да боите не само со четки, туку исто така и со раце и нозе!

Украс за ѕид, подлога за вазна

Со помош на обрач и густа волница, вашето дете може да направи килим. Подетални и јасни упатства на овој ЛИНК.

Привезок за клучеви со отпечатоци од прсти

Исечете ги срцата на глина, ставете врз неа отпечатоци од прсти, направете дупка за прстенот и оставете да се пече во рерна. Потоа оформете го како што сакате. Инструкции ТУКА .

Алка

Едноставно земете жица или рибарски конец и нижете монистри.

Наместо кутија за прстени

Користејќи полимер глина и тениско топче, можете да создадете раче кое ќе ви го чува накитот. Повеќе упатства, можете да видите на следниот линк.

Шолја со порака

Сè што ви треба: еднобојна чаша и посебни бои за керамика (кои сега се достапни дури и во форма на маркери). Ќе добиете уникатна чаша со ракописот на вашето дете.

Подлога за чаша

Вашето дете може лесно да направи тацна за неговата омилена чаша за сладолед, со помош на обоени стапчиња. Прочитајте повеќе тука .

Перница

Со помош на лепак и посебни бои, вашето дете ќе биде во можност да направи ваква перница со необична боја. Детални упатства можете да видите тука.

Шарени тегли

Користејќи лепило и бои може да се офарбаат теглите како лименки. За инструкции, видете тука .

Светкава свеќа

И овие свеќници се направени со користење на сол, боја, храна и лепило. Подеталната постапка се наоѓа на линкот.

Авторска свеќа

Бела свеќа, шарени маркери и многу фантазија.

Украс

Земете гранка. Обојте ја по избор, а потоа на неа закачете врвки кои држат шарени клучеви. Одличен детал, уште поубава забава за време на изработката.

Торба за на плажа

Со компири и акрилни бои може да направите светла торба за на плажа. Инструкции  на следниот линк .

- Реклама -