Во текст на новинарот Џефри Флајшмен објавен во „Лос Анџелес тајмс“ од 10 декември минатата година се тврди дека кражбата на сликите на славниот Мунк од еден музеј во Норвешка, меѓу кои е и фамозното дело „Крик“, е дело на албанската мафија која ја води скопјанецот Насер Џелиљи.
Во текст на новинарот Џефри Флајшмен објавен во „Лос Анџелес тајмс“ од
10 декември минатата година се тврди дека кражбата на сликите на
славниот Мунк од еден музеј во Норвешка, меѓу кои е и фамозното дело
„Крик“, е дело на албанската мафија која ја води скопјанецот Насер
Џелиљи.
Полицијата, која ја цитира новинарот, вели дека станува зор за „екстремно сурова банда“, а лидерот Џелиљи веќе еднаш се спасил од затвор кога привремено се вратил дома (2004 година).
Тој е предводник на банда од 25 момчиња, подготвени на се', а чии регрути доаѓаат главно од Косово. Како шеф на бандата тој – за разлика од другите мафиози во овој дел на светот – не носи костуми на „Армани“ и повеќе го негува гранџ-стилот, но затоа не се влегува во автомобил ако тој не е последен модел на „мерцедес“. Дошол во Шведска во раните 80-ти години и работел како хигиеничар по домовите на богатите жители на Стокхолм, но тоа му служело само за „безецирање“ на вредните работи. Во нив влегувале и сликите од ѕидовите и не поради тоа што Џелиљи имал некакво искуство со уметноста, туку поради тоа што на илегалниот пазар овие предмети на грабежот секогаш имале своја верна клиентела. Таквите купувачи на црниот пазар ем доаѓале до вредни автори ем го одбегнувале данокот. А Швеѓаните и така не ги канат пријателите и роднините да се видат во своите домови, па опасноста да биде откриена некоја илегална трансакција од ваков вид би била мала.
Останува енигма како Џелиљи, тивок и многу низок жител на Гетеборг, со козја брадичка, заедно со својот пријател од подземјето Давид Тоска (кој живее во Норвешка) ја украл „Крик“, а уште повеќе како и зошто го вратил делото што се смета за „лектирен“ пример на експресионизмот, оставајќи го на место познато на полицијата. Дали арамијата проценил дека ја минал линијата која му давала недофатливост во Скандинавија? Еден момент е битен – по кражбата Џелиљи преживеал атентат во центарот на Стокхолм – бил погоден во двете раце, а еден куршум му минал низ стомакот, па нашиот некогашен сограѓанин се смета сега за рековалесцент. Како и да е – иако индиректно – во трендот наречен скапи слики во светот на уметноста свое место лани имаше и Македонија.
виа Утрински Весник