Крадци провалија во куќата на познатиот готвач Џејми Оливер. За време на кражбата Џејми и неговото семејство не биле дома.
Џејми неодамна купи куќа вредна 7 милиони фунти во северниот дел од Лондон. Куќата поседува 8 спални соби и голема градина.
Иако куќата има неколку сигурносни камери, тие не успеале да ги уловат крадците, бидејќи влегле низ гаражата.
Кражбата ја приметил неговиот сосед, а веднаш потоа е покренета истрага за да се пронајдат крадците.
Интересно е што од сите работи во куќата, украдени се само два шпорета.