Крава избегала од фармата за да живее со диви бизони

Домашната крава избегала од својата фарма некаде минатата есен, и оттогаш „виси“ со стадо диви бизони. Луѓето, меѓутоа, се упорни дека нејзината зимска авантура мора да заврши.

Во ноември 2017-та, кравата беше забележана во полска шума од орнитологот Адам Збирит, додека лутала со околу 50 бизони на белоруската граница.

„Не е необично да се видат бизони близу шумата Bialowieza, но едно животно посебно ми фати око. Беше комплетно различна посветла кафена боја од остатокот од стадото“, изјави Збирит за пар локални медиуми. Како и да е, со оглед дека тогаш кравата уште била млада, Збирит претпоставил дека наскоро ќе го напушти стадото и ќе се врати дома.

Арно ама, неделава кравата е повторно забележана, овојпат од биологот и експерт за бизони Рафал Ковалчик. Очигледно останала со стадото и не се вратила дома. Ковалчик вели дека изгледала дека е во добра состојба, и сосема добро се снаоѓала меѓу стадото. Дебелото крзно и благата зима во источна Полска имаат голем удел во тоа, вели биологот (воедно и директор на Истражувачкиот центар за цицачи, како и Полската академија на науки).

Меѓутоа, Ковалчик вели дека крава што живее меѓу бизони е опасна работа, и за двете животни. Ако кравата остане бремена по парење со мажјак бизон, објаснува, таа може да умре, бидејќи хибридното теле ќе биде поголемо од нормално теле.

Плус, хибридниот потомок може да ја наруши/прекине генетиката на малата популација на бизони во Полска, која вложи многу напори за да ја реставрира нивната бројка откако се најдоа на работ на истребување по Првата светска војна.

Ковалчик смирува дека кравата е сé уште премлада за да се размножува, но е убеден дека нејзината зимска авантура мора наскоро да биде прекината. Мора да биде фатена пред пролет, „за да се избегне ризикот од парење“.

„Прашање е дали кога зимата ќе заврши кравата ќе продолжи со бизоните кон шумата, што не е природна средина што кравата ја познава. Колку повеќе време поминува со стадото, поризично ќе станува“, заклучува Ковалчик.

Сега останува уште да се најде некој да ѝ ја објасни целава работа на кравата. Во спротивно има нон-стоп да си ја пее песнава…

 

- Реклама -