Краток тест на Фројд ќе ви ги подреди приоритетите

Понекогаш ние самите не знаеме кои работи во нашиот живот ги ставаме пред другите.

Спонтано доаѓаме до одговорот, дури тогаш кога треба да избереме една од нив, и да ја оставиме другата за подоцна.

Овој краток тест ќе ви го покаже она што можеби самите не сте го воочиле.

Треба да си замислите имагинарна ситуација. Замислете дека сите овие настани се случуваат истовремено.

За кое од нив би изреагирале на прво, второ, трето и така до петтото место.

Еве ги понудените опции: Наредете ги настаните од еден до пет според нивната важност за вас.

1. Телефонот ѕвони;

2. Детето почнува да плаче;

3. Некој ѕвони на вратата;

4. Имате пружено алишта на терасата, но започнува да паѓа силен дожд;

5. Мијалникот се полни со вода, почнува да ја преплавува собата.

0647276001424771166_0

Откако ги организиравте настаните, погледнете го значењето на секое едно од нив. Така ќе го дознаете и вашето рангирање на животните приоритети.

1. Телефон – работа;

2. Дете – семејство;

3. Врата – вашите пријатели;

4. Алишта – пари;

5. Чешма – секс.

- Реклама -