Купатилото е, многумина велат, најважната просторија кога станува збор за чистењето.
Ако го следите овој дневен, семичен и сезонски распоред, ќе уживате во совршено чистата бања, вие и вашите домашни.
Секој ден: бришете го мијалникот (40 секунди), избришете ги даската од ВЦ школката и работ (20 секунди), истријте ја ВЦ школката со четка (15 секунди), отстранете ја водата од вратата на туш кабината со фумен бришач на стакла ( 30 секунди) или измијте ја туш завесата (15 секунди). складирајте ги козметиката, средствата за хигиена и другите ситници (30 секудни).
Секоја недела: изрибајте ја кадата (3 минути), изрибајте ги плочките околу кадата (3 минути), избришете го подот (2 минути), избришете ги кваката, прекинувачите ( 1 минута) испразнете ја корпата за отпадоци (30 секунди, избришете го огледалото (30 секунди).
Еднаш месечно: измијте ги аглите, измијте ја завесата според упатството за одржување ( најчесто во машина за алишта), детално измијте ја вратата од туш кабината, избришете ги полиците и шкафчињата.