„Што е поентата на љубовта? По сето она што го слушам за неа, сепак не можам да ја разберам”, пееше Едит Пиаф во 1962 година. Токму на позадината на оваа песна се одвива и овој краток филм наречен Amour Toujours или “Љубов засекогаш” кој во центарот ги става пречките на еден млад заљубен маж.
И сето тоа, се разбира, се случува во Париз – градот на љубовта.
Видеото е со времетраење од само 2 минути и 50 секунди и е создадено од фотографот Виктор Хабши кој е далтонист и самоук мајстор. Буџетот со кој располагал се скромни 40 евра.
„Со малку пари и многу љубов можеме да постигнеме добри работи”, објаснува тој и ние се согласуваме со него.