Животот е непредвидлив, а во некои ситуации треба брзо да реагирате. За да ја изберете правилната реакција, треба да имате и одредено знаење. Колку и да е кратко времето за размислување, кога е најпотребно, вашиот мозок веројатно ќе ја „ископа“ таа информација што може да ви го спаси животот. Па, еве неколку такви:
1. Ако ве зафати водена струја, останете мирни и пливајте паралелно со брегот. Пливањето директно кон него може само побрзо да ве измори.
2. Кога викате „Помош!“, пробајте да повикате одредени луѓе. На пример, „Еј ти, во зелената маица!“. Така ги намалувате шансите таа личност да биде погодена од „синдромот на случаен минувач“ и да остане стаписана наместо да ви помогне.
3. Во ситуација на опстанок, запаметете ги следниве правила:
– можете да преживеете 3 минути без воздух
– 3 часа без засолниште при страшни временски неприлики
– 3 дена без вода
– 3 седмици без храна
4. Ако забележите своја или туѓа фотографија на која има некој кому само едното око му е црвено од блицот, тоа може да е знак за ретинобластома (вид на рак на окото)
5. Ако се најдете во зграда која гори, наведнете се. Воздухот што е сé уште добар за дишење ќе биде на дното.
6. Ако сте маж и уринирате врз тест за бременост и ако тестот се покаже како позитивен, можно е да имате рак на тестисите.
7. Зеленото светло на семафорот не значи дека е безбедно да поминете. Ова нема потреба да ви го кажеме, но дефинитивно има потреба да ве потсетиме.