Кратка приказна за стереотипите

Двајца ангели седеле и ги набљудувале државите на Земјата високо на небото. Долго молчеле и гледале.

По некое време едниот ја нарушил тишината и рекол:

– Знаеш каков треба да е рајот таму долу?

– Каков? – прашал тој до него.

– Рајот за луѓето треба да е таму каде што полицајците се Британци, а готвачите Французи. Каде што автомобилите се произведени во Германија, љубовниците се Италијанци и сето ова е организирано од Швајцарците.

– Можеби … одговара вториот ангел. – Но, судејќи од овие стереотипи можам да претпоставам каков би бил пеколот.

– Каков? – прашува првиот. – Тогаш најтешкиот живот за луѓето треба да е таму каде што полицајците се Германци, готвачите се Британци, автомобилите се француски, љубовниците се Швајцарци и сето тоа е организирано од Италијанците.

- Реклама -