Под покровителство на мала група српски антиваксери (противници на вакцинирањето), на 3 јуни во Белград се одржа некаков си „Меѓународен ден на свесност околу жртвите на вакцинацијата“. Целта била „освестување на народот“, а под слоганот „запали свеќа за оштетените од вакцини“… затоа што свеќите докажано лечат болести, ваљда…
Не ги знаеме деталите, ама еден од аргументите, кој може да се чуе од младата мајка на видеото, е дека децата не треба да се вакцинираат бидејќи така ги убивате, а нема потреба да ги убивате (вие лично). Ако господ им допушти некоја болест, барем знаете дека е од бога. Зошто вие да ги вакцинирате и после да си ги носите на душа?
Колку и да е аргументов цврст и невозможен за побивање (*сарказам*), еден од присутните, веројатно случајно затекнат, а можеби и дојден баш со таа намера, имаше реплика. Не се помачи да објаснува дека поврзаноста на аутизмот и вакцините е неоснован мит и потекнува од една целосна невкусна попара од студија на еден единствен доктор кој потоа ја има изгубено дозволата за работа. Не, туку прејде на главното. И во нормален свет, би требало да е доволно.
Vice Србија