Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III. ѝ честиташе на англиската фудбалска репрезентација за пласманот во финалето на Европското првенство во Германија, порачувајќи им на играчите „да мислат на стресот и крвниот притисок на нацијата“.
„Мојата сопруга и јас се придружуваме со целото наше семејство во нашите најтопли честитки за пласманот во финалето на Европското првенство и во испраќањето на нашите најдобри желби за неделниот натпревар“, рече кралот Чарлс.
Познат по својот суптилен но речиси секогаш присутен хумор, Чарлс упати и барање до тренерот и играчите.
„Ако можам да ве охрабрам да обезбедите победа пред да има потреба од чудесни голови во последен момент или друга драма од пенал серијата, сигурен сум дека стресот и крвниот притисок на нацијата значително ќе се намалат, со среќа Англија“, напишал англискиот крал.
Англија во полуфиналето на ЕУРО ја победи Холандија со 2:1 со пресврт и погодокот на Оли Воткинсон во последните моменти од дуелот, а во финалето во Берлин в недела ќе игра против Шпанија.
На „Гордиот Албион“ му честиташе и принцот Вилијам, кој се очекува да присуствува на последниот натпревар во недела. Принцот, кој е и голем фан на премиерлигашот Астон Вила, посебно му честиташе на стрелецот на решавачкиот гол, Оли Воткинсон, кој е играч на Вила.
„Каков убав гол Оли. Честитки Англија, финалисти на ЕУРО“, објаво принцот на мрежата Х.