Кралевите го најдоа лекот за Бо Меккејлеб

Лестер Бо Меккејлеб минатата сезона како член на Монтепаски Сиена во два наврати му одржа лекција на составот на Реал Мадрид.

„Кралевите“ научија многу од тие натпревари, па успеаја да го запрат македонскиот плејмејкер на вчерашниот меч со Фенербахче Улкер, на којшто шпанскиот тим успеа да слави среде Истанбул со 75:83.

Како пресудна се покажа одличната одбрана на Реал Мадрид против Меккејлеб на почетокот од натпреварот, кога нашиот плејмејкер беше целосно исфрлен од ритам, губејќи две топки и правејќи една неспортска лична грешка.

Шпанците го искористија тоа и премногу рано стигнаа до двоцифрена предност, по што знаеја како да го контролираат резултатот сѐ до самиот финиш.

Прочитајте и:  Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон

Меккејлеб заигра нешто подобро во второто полувреме, успеа да стигне до солидни бројки од 12 поени, 4 скокови и 3 украдени топки, но не успеа да го врати во живот својот тим, ко што го претрпе првиот пораз во Евролигата оваа сезона.

- Реклама -