„Кралевите“ го растурија Милан (видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа убедлива победа од 5:1 на контролниот меч со Милан што се играше во САД, со што избраниците на Жозе Мурињо уште еднаш покажаа дека се наоѓаат во одлична форма во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Особено импресивно беше второто полувреме на „Кралевите“, во кое што по 1:1 од првиот дел, тие постигнаа четири гола и стигнаа до убедлив триумф. Кристијано Роналдо постигна два, а Рамос, Ди Марија и Каљехон по еден погодок за Реал, но со извонредна игра се истакна Рикардо Кака, кој асистираше при три од петте погодоци за својот тим. Со тоа, Бразилецот им покажа на „Росонерите“ дека сè уште е врвен фудбалер, по што сигурно ќе следи нова понуда од раководството на Милан за да го врати Кака на „Сан Сиро“.

Прочитајте и:  Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД

{youtube}eY8swugtv1I{/youtube}

- Реклама -