Крај на „ѓаволска“ ера: Јунајтед по 12 години ќе има нов прв голман!

Серијата потези за намалување односно рационализирање на трошоците, носи нови промени во таборот на Манчестер Јунајтед, а тоа е ново лице како прв голман на екипата од следната сезона, кое ќебиде далеку помалку платено од сегашниот чувар на мрежата, Давид Де Хеа.

Шпанецот по заминувањето на Кристијано Роналдо е најскапо платен фудбалер во таборот на „ѓаволите“ со неделна плата од 425.000 евра, а со договор што завршува на крајот од сезоната, а кој сигурно нема да биде продолжен. Ерик Тен Хаг сака на линијата да има квалитетен голман, но кој нема да го оптоварува буџетот толку многу како Де Хеа, во што би можел и да успее.

- Реклама -