Несекојдневна кражба во Хрватска. Непознати крадци деновиве украле цела куќа.
Полицијата во Копривница прво помислила дека се работи за невкусна шега, кога сопственикот на куќата ја пријавил кражбата, а потоа, објаснил дека се работело за монтажна куќа.
Непознатите крадци буквално го расформирале објектот до темел, а штетата се проценува на 1.300 евра.
Хрватските медиуми пишуваат дека целата ситуација е многу сомнителна, зашто кражбата морало да трае подолго, а соседите не забележале ништо.