Кога е козметиката во прашање, жените често знаат да потрошат и повеќе пари од што треба. Затоа важно е да разграничат производите на кои навистина вреди да се потроши мало богатство, од оние за кои е доволно да се помине со најевтината варијанта.
Штедете
Маскара
Со оглед на тоа што маскарата е козметички производ со најкраток рок на траење, односно неопходно е да се менува секои три до четири месеци, дефинитно нема потреба на неа да се трошат огромни суми пари. Иако евтините варијанти не секогаш значат квалитет, сепак може да се најдат и солидни маскари по пристојни цени во подобро снабдените супермаркети.
Кармин
Ако влезете во парфимерија и се упатите кон дизајнерското катче со кармини, а потоа ги тестирате кармините од помалку звучните козметички брендови, ќе видите дека меѓу нив нема некоја голема разлика. Речиси секоја нијанса може да се најде во поевтина варијанта, а ако се грижите дека ниската цена значи и послаб квалитет, не заборавајте дека проблемот лесно се решава со нанесување лабело под карминот.
Лак за нокти
Иако поскапите лакови за нокти нудат повеќе сјај и поинтензивни бои, имајте на ум дека лакот за нокти, исто како и маскарата, има краток рок на траење. Ако се исуши невозможно е да го користите повторно, а веројатноста дека тоа ќе се случи пред да потрошите половина од шишенцето е многу голема. Затоа наместо да ги жалите парите, купете поевтина варијанта.
Трошете
Течна пудра
Течната пудра е инвестиција што навистина нема потреба да ја жалите. Евтините пудри може да ја оштетат вашата кожа или да ви предизвикаат иритации, црвенила и алергии. Исто така, поевтините пудри со послаб квалитет по само неколку часа ја менуваат бојата и вашето лице може да добие мошне непривлечен изглед.
Четки за нанесување шминка
Ако купувате евтини четки за нанесување шминка од неприродни материјали, веднаш фрлете ги! Не само што може да ви ја оштетат кожата, туку и голема е веројатноста дека ништо не успевате прецизно да нанесете со нив. Квалитетните четки задолжително треба да прават шминката да изгледа како да е професионално нанесена, независно дали таа е скапа или евтина.
Руменило
Слично како и со пудрата, ако руменилото е неквалитетно може да ја оштети вашата кожа. Исто така, никако не треба да си играте со квалитетот на руменилот, затоа што производите со послаб квалитет наместо да ги истакнат вашите контури, може да направат да изгледате како кловн. Исто така, руменилото има долг рок на траење, така што нема потреба да ги жалите парите. [Where to Save, Where to Splurge: Drugstore vs. High-End Makeup]