Козметички очни импланти

cei2Луѓето отсекогаш носеле накит – обетки, шминка, тетоважи, а од најскоро ќе може да го китат и најважниот орган во социјалната интеракција – окото. Во 2002 година Холандскиот Институт за иновативна очна хирургија разви козметички екстраокуларен имплант(Jewel Eye) кој може да се вметне во белката на окото. Имплантот не се меша во окуларните функции, односно визијата и подвижноста, а направен е од материјал кој може да се моделира во најразновидни посакувани форми и големини. Како прилог, еве и видео за имплантација на CEI(cosmetic extraocular  implant) кое не го препорачуваме на оние со осетлив стомак.  Фала Фросина!

- Реклама -