Грчката комисија за конкуренција казни дури шест козметички компании, меѓу кои и американската Estée Lauder и француските L’Oréal и Christian Dior, со сума од вкупно 19 милиони евра, поради меѓусебно договарање на цени.
Грчката комисија соопшти дека открила антиконкурентски договори меѓу компаниите кои тргуваат на големо со луксузни козметички производи, сé со цел да се утврдат (повисоки) цените во малопродажбата.
Филијалата на Estée Lauder ќе мора да плати 5.4 милиони евра, L’Oréal се казнети со 2.6 милиони, а Christian Dior – со 1.8 милиони евра.
Покрај нив, казнети се и три грчки козметички куќи – Sarantis со 1.9 милиони евра, Notos COM со 4 милиона евра и Gerolymatos Cosmetics – со 3 милиони евра.