Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави големи рестрикции на движењето на јавните места. Тој соопшти дека се забранува собирање на повеќе од пет луѓе на едно место, притоа испраќајќи строг апел луѓето да седат во домашна самоизолација.
Рестрикциите влегуваат во сила веднаш, со тоа што рестораните ќе затворат од утре. Од утре стапуваат во сила и рестрикциите за влез во земјата.
„На Австријците им се наредува да се изолираат. Тоа значи да имаат контакт само со луѓето со кои живеат“, порача Курц во соопштението, додавајќи дека луѓето треба да го напуштаат домот само за работа која не може да биде одложена, за купување на неопходни прехранбени продукти и за евентуално помагање на другите.
Собири на повеќе од пет луѓе ќе бидат дозволено само за активности кои се во насока на борба против епидемијата на коронавирус, додаде канцеларот, појаснувајќи дека луѓето кои имаат потреба да излезат надвор можат тоа да го направат, но само ако се сами или со луѓето кои живеат во истата куќа/стан, пренесува австриската новинска агенција АПА.
За тоа ќе се погрижи и полициjaта, која ќе биде стационирана во парковите, на детските игралишта и на други надворешни локации, и ќе бара од поголемите групи луѓе да се pacтурат.
Досега во Австрија има најмалку 800 cлучаи, според министерството за здравство. Западниот регион на Тирол, регионот познат по популарните ски-ресорти каде беа пријавени првите случаи во Австрија и каде има потврдено најмалку 245 случаи, вчера објави целосен карантин.
„Регионот се соочува со најтешката ситуација во годините по Втоpaта светска вojна“, изјави гувернерот на Тирол.
Австрија ја прошири и листата на земји од кои го ограничува влезот, на која се најдоа и Велика Британија, Холандија, Русија и Украина. Тие ќе можат да влезат во земјата само ако се подложат на домашен карантин во период од две недели или ако поседуваат здравствен сертификат за моменталната здравствена состојба.
Извор: Ал Џезира