Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во своето видео-обраќање до членството најави дека започнува генерален реизбор на претседателите на 76 општински комитети, како и на претседателите на Унијата на ветерани, Унијата на жени и Унијата на млади сили. Тој истакна дека вратите на организацијата се отворени за сите оние кои имаат визија и храброст да внесат нова енергија и идеи.




