Ковачевски – Зеленски: Северна Македонија продолжува да ја помага Украина се додека е потребно

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Атина денеска оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на средбата, премиерот Ковачевски ја нагласил континуираната и силна македонска поддршка на Украина во напорите за одбрана на земјата и враќање на слободата и мирот, а со тоа и стабилноста во регионот.

„Осудувајќи ја бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина, Ковачевски повтори дека Северна Македонија ќе продолжи со недвосмислена и силна поддршка за Украина, во нејзината самоодбрана и заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет. Овој пристап, Северна Македонија јасно го манифестира како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина“, се наведува во соопштението од Владата.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

Ковачевски истакнал дека земјава ќе продолжи да ѝ помага на Украина сѐ додека тоа е потребно, преку испраќање помош кон Украина, како што тоа го правела и досега.

Украинскиот претседател Зеленски, како што се наведува во соопштението, изразил благодарност за поддршката од нашата држава уште од почетокот на војната, поддршка која, како што рекол, е значајна за украинските сили и која украинскиот народ високо ја цени.

На средбата, Зеленски информирал и за најновиот развој на состојбите на теренот, се вели во соопштението.

- Реклама -